Премиерот Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање не го криеше незадоволството од потегот на ДУИ кој на измените на Изборниот законик со кој треба да донесат една изборна единица, поднесе над 5.000 амандмани.
- „Кога гледаме дека има 9.000 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ поднел 5.000 амандмани, колку што ми кажаа. И ако тоа го знае ДУИ дека поднел ВМРО-ДПМНЕ 9.000 амандмани а тие поднесуваат 5.000 амандмани а се партнер во Владата. Прво јас можам да разберам после и нашите презентации колку тоа добива ДУИ, колку добива кај Албанците во државата генереално, сепак да го поднесат тоа, кажете ми вие јас што да мислам, што да мисли народот, коалицијата, колку е таа одржлива или не, навистина ова е за сериозна причина за сериозни размислувања кои што СДСМ ќе ги отвори. 5.000 амандмани е навистина лоша порака. Кој и да е too much. Сето оваа дискусија што се случува во овие денови нас ни е јасно дека е изборна кампања,јасни ми е дека секоја политичка партија се поставува но нас ни е должност сите политички пораки што се испратени до нас ќе ги разгледаме“ “ истакна Заев.
фото: Архива