Владини делегации присуствуваа на комеморативните настани за одбележување на 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
11032021_Vladinadeleg_komemoracija-1

По повод 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна, владини делегации денеска присуствуваа во Скопје на комеморативните настани, организирани од Еврејската заедница во нашата земја.

— реклама —

— реклама —

Во спомен на овој трагичен настан, владина делегација предводена од министерот за правда Бојан Маричиќ положи свежо цвеќе на споменикот во чест на 7.144 македонски Евреи, кој се наоѓа во поранешниот скопски Монопол („Империал тобако - ТКС“), од каде во 1943 година биле депортирани кон нацистичкиот логор на смртта „Треблинка“.

— реклама —

Владина делегација предводена од министерката за култура Ирена Стефоска положи свежо цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и споменикот на паднатите борци во Народно ослободителната борба (НОБ) на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

Во Република Северна Македонија и годинава на пригоден начин со низа активности и настани се одбележува споменот на жртвите од холокаустот за никогаш да не се заборави оваа голема трагедија, но и како потврда на заложбите за борба против антисемитизмот и сите форми на зло и неправда.

Видео: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања