ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Власта да престане да ги третира сиромашните граѓани како вреќа гласови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Levica

Иако во буџетот за 2019 година се предвидени значителни дополнителни средства за исплата на социјалните надоместоци, при нивната исплата за месец јануари не дојде до нивно зголемување, велат од Левица.

— реклама —

„Со тоа, власта си подигрува со социјално најзагрозените категории граѓани, ветувајќи им дека ќе ја подобри нивната материјална состојба и правејќи политички пресметки кога зголемувањето на социјалните надоместоци може неа да ѝ донесе најголема политичка корист. Покрај тоа, на овој начин власта создава сомнение дека неискористените средства предвидени за исплата на социјални надоместоци на крајот на годината ќе бидат пренаменети во цели кои воопшто не се соодветни.

Во драстично зголемениот буџет за 2019 година, кој повторно содржи дефицит, средствата за исплата на социјални надоместоци се зголемени за 2,2 милијарда денари (35 милиони евра). Согласно дополнителните средства што му се на располагање, Министерството за труд и социјална политика уште на почетокот на новата буџетска година требаше да донесе одлуки за повишување на социјалните надоместоци и веќе со јануарската исплата на надоместоците да ја изврши корекцијата. Тоа луѓето кои едвај врзуваат крај со крај го исчекуваа и недозволиво бесчувствително од власта е што ноншалантно си подигрува со очекувањата на луѓето во социјален ризик.

— реклама —

Кога власта ќе ги зголеми социјалните надоместоци согласно дополнителните буџетски средства со кои располага? Дали тоа ќе го искористи за да прибире повеќе гласови за себе на претседателските избори? Или, ќе ги користи претседателските избори како изговор за уште неколку месеци да ја држи висината на социјалните надоместоци на старото, ниско ниво? Што планира власта да направи со парите што беа предвидени за зголемување на социјалните надоместоци, а кои нема да бидат искористени до крајот на годината?

Левица бара од Министерството за труд и социјална политика под итно да го зголеми износот на социјалните надоместоци согласно дополнителните буџетски средства кои се предвидени за таа намена. Исто така, бара од Министерството да ѝ објасни на јавноста зошто при исплатата на надоместоците за јануари износот на социјалните надоместоци остана ист како досега“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања