Промени тема
Контакт

Власта е свесна дека нема пари и со ребалансот планира да ги блокира општинитe, вели Здравковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
igor-zdravkovski-12.07.2020

Со ребалансот на буџетот нема никакво големи промени за подобрување, туку има намалување на индустријата и власта создава механизам за блокада на општините преку намалување на капитални дотации или финансирање за водовод и канализација, за после да може бара изговор и да вика дека општините не работат, бидејќи власта е свесна дека нема пари, изјави за „Отворено“ на ТВ24, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски.

Здравковски потенцираше дека проекциите кои ги гледаме на овој ребаланс на буџетот, наместо да ги намалат оние јазови кои ќе се створат, тие дополнително ги зголемуваат, а кога се работеше буџетот за 2022 година власта веќе знаеше дека ќе има криза затоа што Пендаровски изјави дека уште на 5 ноември знаел и ги информирал во владата за претстојната криза.

— реклама —

- Целите ги поставуваше актуелниот премиер кој тогаш беше заменик министер за финансии и тој не убедуваше дека буџетот е развоен и нема непродуктивни трошоци, а по само 5 и пол месеци да излезе и да каже дека ќе крати на непродуктивни трошоци. Така што не гледаме некакви промени освен интенции за намалување на индустријата и за блокирање на општините и сметам дека преку овој ребаланс власта ќе воведе механизам за блокада на општините за да може како изговор во наредните месеци да се кажува дека градоначалниците се неспособни и дека единиците за локална самоуправа не си ја работата, рече Здравковски.

— реклама —

Тој истакна дека власта е свесна дека нема пари и од самиот ребаланс се гледа дека се оди во одбрана на нешто што не е одбранливо, отколку да се направи реална проекција и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има поднесено амандмани за ребалансот да застане на страната на економијата.

— реклама —

Како политичка партија имаме поднесено 174 амандмани кои се направени и по барање на граѓаните, но и на коморите, синдикатите. Одговорноста е на пратениците и треба да имаме ефикасна расправа да ги согледаме фактите, да ги погледнеме барањата и да донесеме документ кој понатаму би го запрел ова темпо на инфлација и ќе застане на страната на економијата, изјави Здравковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања