Власта евтино продава вишоци струја во Албанија, а стопанството пропаѓа заради високите цени, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
sun-setting-silhouette-electricity-pylons

Македонското стопанство тоне поради лошата енергетска политика на власта. Индустријата е оставена на милост и немилост и плаќа 500% поскапа струја од лани. За споредба со компаниите во околните земја, македонските плаѓаат најскапа струја и на тој начин ја губат својата конкурентност. Власта наместо преку матни зделки да ги продава вишоците на албанската компанија по багателна цена, истите може да ги понуди на домашниот пазар и на тој начин да ја помогнеше домашната економија, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Поради неодговорноста, недомаќинското работење и криминалот на власта на антимакедонската СДС, граѓаните и компаниите ја плаѓаат од свој џеб неколку кратно економската катастрофа. Најпрво ги плаќаат државните компании кои се претворија за 5 години во бунар без дно и најголеми загубари, потоа преку буџетски пари го плаќаат скапиот увоз и на крај преку енормни сметки ја плаќаат електричната енергија. И од мафијата СДС да беше, премногу е!

— реклама —

Ова мора да престане. На ова мора да му се стави крај. За ваквиот грабеж на својот народ кој го спроведува антимакедонската СДС мора да има одговорност“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања