Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Власта ги предупредува наставниците: СОНК да се врати на дијалогот, пролонгирање на учебната година не е добро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
sonk

„Сите мора да се водиме од интересот на учениците. Училишната година мора да продолжи да се одвива непречено, што е особено важно затоа што зад нас имавме две училишни години во пандемија со коронавирусот кога учениците следеа онлајн настава или комбинирана настава“, вели Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

— реклама —

Таа додава:

„Правото на штрајк е уставно загарантирано, но наставниците треба да се водат и од интересите на нивните ученици.

— реклама —

Владата предводена од СДСМ како никоја досега претходно покажа вистинска грижа за образованието како клучен сектор во нашето општество.

Тоа се гледа и по зголемените плати кои за четири и пол години ги зголемивме од 3.200 до 6.400 денари.

Но покрај платите сериозно инвестираме во подобрување на условите за работа на наставниот кадар.

За четири и пол години изградивме и реконструиравме над 80 училишта, а за оваа, 2022 година предвидени се над една милијарда денари за капитални проекти во образованието.

И оваа година ќе следува раст на платите во образованието, тоа ќе го постигнеме низ дијалог со Синдикатите и сите засегнати страни.

Затоа, апелираме СОНК да се врати на дијалогот, наставата да продолжи, ќе се најде решение кое е во интерес на наставниците.

Да не дозволиме наставата да се пролонгира и со тоа да се загрозат уписите, државната матура како и полагањето стручен испит на петстотини наставници.

Ние како одговорна партија продолжуваме со вистинска грижа за образованието, за наставниците и учениците“.

DKrzk8bv4OQ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-09-23-at-17.31.00

Огромно незадоволство на членовите на СОНК, оти платите не им се усогласени на професорите

Македонија | пред 1 година

IMG_4387

Членовите на СОНК нема да учествуваат на никакви партиски организирани протести и строго ќе внимаваат на мешањето на политиката во синдикатот, вели Неделков

Македонија | пред 1 година

28042022_PVRSM_Kovacevski_pratenicki-prasanja-1

Ковачевски за платите на наставниците: Ова зголемување е најголемото досега

Македонија | пред 3 години

kovacevski-jakim-sonk-jeton-shakiri

Се договрија наставниците со државата, откриен процентот на покачувањето

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања