“Случајот 27-ми април е политички монтиран процес. Власта врши политички прогон и ги шиканира неосновано обвинетите, доказ за тоа е и неоснованото апсење на Митко Чавков и негово приведување непосредно пред да биде изречена пресудата.
Јавноста е сведок на удбашки методи, какви што имало во периодот на Информбирото.
Заев и власта ги знаат пресудите и казните кои ќе бидат изречени уште пред и официјално да бидат прочитани.
Нехуманиот и потценувачки третман стана пракса во затворите, а притворениците наместо грижа за нивната безбедност од затворската управа се соочуваат со опасност по нивното здравје.
СДСМ и Заев ја погребаа правната држава. Уставот и законите не се почитуваат и се суспендирани. СДСМ и Заев мора да си одат. Владеењето на правото повторно мора да стане пракса, пишува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.