Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Власта го чека Мицкоски да каже кои функционери на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спасува?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mickoski

Власта го чека црно на бело предлогот на Христијан Мицкоски истрагите од СЈО кои за нив се спорни. Од министерството за правда велат дека ќе има приближување на ставовите ако опозицијата и писмено потпише- истрагите кои тимот на Катица Јанева ги отвори по 30 јуни 2017-та да бидат предадени на Љубомир Јовевски и неговите колеги и таму да одлучат кои докази ќе ги користат и кои постапки ќе продолжат.

— реклама —

– Последната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дава надеж дека е прифатливо тоа што го разговараме и предлагавме а тоа е надлежните обвинители кои ќе ги добијат започнатите предмети ќе си одлучат за иднината на тие предмети, а н ние политичарите да одлучуваме за тоа. За да може да зборуваме за приближување на ставовите треба да не се бара од нас затворање на сите постапки по првите 18 месеци и уништување на сите материјални докази собрани во нив оти тоа ќе значи скриена амнестија. - се вели во соопштението на Министерство за правда.

— реклама —

Опозицијата најавува дека забелешките ќе ги достават од понеделник, а лидерот Мицкоски во интервју за тв24 пред два дена кажа дека неговиот преговарачки тим последно бара обвинителите кои ќе ги преземат предметите од СЈО да си одлучат како ќе ги водат. Со Заев се договорија преку медиумите. Но дополнително Мицкоски бара одговорност од специјалните обвинители.

Повеќе прочитајте на 24ТВ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања