Се договараат зад очите на јавноста, па заедно влегуваат и гласаат амандмани. Вака течеше комисиската расправа на која се одлучува прифаќањето или отфрлањето на амандманите поврзани со предлог-законот за јавно обвинителство. За неколку минути, по претходен договор, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заеднички изгласаа 10 од 51 амандман.
Ниту еден од пратениците не нејде за потреба да расправа за амандманите пред вклучените камери и присутните новинари. Во јавноста се коментира дека токму ова е главна причина да се зодаде впечаток дека овој закон, кој ќе биде одлучувачки и за постоењето на СЈО, се прави за да биде погоден за двете партии, но не и за државата која постојано е општетена странка.
„Власта и опозицијата си го кројат законот како што им одговара ним, пратениците само изгласуваат доколку им одговара на партиите“, е еден од коментарите на социјалните мрежи.
За ВМРО ДПМНЕ и понатаму се најспорни начинот на избор на обвинители, помошниците на Катица Јанева и предметите кои ги водат. Предлагаат и за шеф на новото обвинителство да може да конкурира и професорската фела. Според СДСМ треба политиката да ги тргне рацете од правосудството.
Прифатен е и амандман на ДУИ со кој Законот за ЈО се усогласува со Законот за јазици.
Но, двотретинското мнозинство и понатаму е неизвесно. Забелешки со кои го условуваат гласањето имаат и пратениците од албанската опозиција. Доколку не успеат да се договорат, власта најави дека има и план Б.