Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Власта има барање: Наместо за тендери во Скопје, Мицкоски и ДПМНЕ да го решат хаосот што го создадоа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2021-12-07-at-12.00.19

„За само една година локална власт, ВМРО ДПМНЕ го направи она што најдобро го знае, хаос во градот Скопје“ вели Васко Кичевски, претседател на градска огранизација на СДСМ - Скопје и додава:

Граѓаните за една година власт од ДПМНЕ добија блокади на сите страни, блокиран Јавниот транспорт, блокиран проект за прочистителна станица, блокирана Универзална сала, 0 развој, 0 проекти.

— реклама —

Одговорноста за катастрофата што му се случува на Скопје е само на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие ја кандидираа Данела Арсовска за градоначалник на град Скопје и ја добија подршката од граѓаните, но не само за градоначалник туку и за мнозинство во советот, претседател на совет, а следствено на тоа и членовите на управните одбори.

— реклама —

Сите до еден се во тесна релација со ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицковски и одговорноста за хаосот е само нивна.

И наместо да бара решение, Христијан Мицковски повторно изиграва шпицен градоначалник, раскажува постапки за тендери и кажува како треба да се реализира тендер за набавка на гориво за потребите на ЈСП.

— реклама —

Штом се споменат тендери, провизии, рабати, ете го Мицко дава насоки како да се реализираат.

Мицковски и ДПМНЕ ги имаат сите механизми да го сопрат хаосот во Скопје и да ги прекинат блокадите на главниот град.

— реклама —

Наместо да се занимаваат со тендери и јавни набавки, нека седнат во белиот дворец и нека почнат да работат за да ги прекинат блокадите.

Скопјани не заслужуваат блокиран град кој наместо да се развива, стагнира.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања