Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Власта ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ за лошиот извештај од Европската комисија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Миле Талевски, пратеник на СДСМ, партија на власт, порача дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ е виновна за лошиот извештај од Европската комисија. Според него, ДПМНЕ и Мицкоски се кочничари на европскиот пат и на реформите на земјата.

„Ние, пратениците од СДСМ и коалицијата на ова укажувавме и баравме ДПМНЕ и Левица да не го кочат напредокот на земјата, да не ги кочат реформите, да не го кочат европскиот пат.

— реклама —

Сега тоа го бара и самата Европска Унија.

Но, и покрај опструкциите на опозицијата, нашата татковина продолжува да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство.

Земјата ги продолжува напорите за ЕУ реформите и секојдневно работи на исполнувањето на европските стандарди, што е нотирано и во овој Извештај.

— реклама —

Имаме прогрес во 81% од поглавјата, нема назадување во ниту едно поглавје. Во однос на подготвеност на поглавјата, во 90% сме со соодветно ниво на подготвеност.

Нема повеќе делови во Извештајот како во времето на ДПМНЕ од 2015 или 2016 година, нема мешање во судската власт, нема уназадување.

— реклама —

Вчера беше објавен пакет за проширување на ЕУ и План за раст на економиите на Западен Балкан

Само со овој план на располагање имаме 1 милијарда евра за Македонија.

Значи дека ако продолжиме со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе го имаме за пет месеци од сега.

— реклама —

Затоа блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски мора да бидат поразени.

Но не само заради ЕУ, блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски во македонското Собрание треба да бидат поразени заради сите наши граѓани и заради иднината на земјата“, порача тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања