Промени тема
Контакт

Власта ја злоупотребува МВР, прекршочните казни за народот кој блокираше во Струмица се спротивни на Устав, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Radovis-Strumica

Власта ја злоупотребува МВР, прекршочните казни за народот кој блокираше во Струмица се спротивни на Устав, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Граѓаните имаат Уставно загарантирано право на протест. И тоа свое право можат да го искажат и со блокади и друг вид актовности. Власта има должност да го гарантира ова право на граѓаните, а не да го попречува.

— реклама —

Во текот на последните два дена низа граѓани кои го блокираа патниот правец Струмица - Радовиш, со цел да го изразат својот револт кон владата која го турка штетниот предлог за бугаризација добија прекршочни казни во висина од 50 евра во денарска против вредност за движење по пат и 35 евра за паркирано возило.

— реклама —

Платни налози за плаќање на казно добиле и луѓе кои не биле воопшто на блокадата.

По системот на казнување се гледа дека единствена причина и цел е заплашување на народот да не излегува на протест.

— реклама —

И сето ова се случува кога во реон на СВР Струмица има нерасчистено убиство на младо момче, за кое постојат индиции дека е извршено од луѓе блиски до власта.

— реклама —

МВР не го решава случајот со убиството во Ново Село, но затоа мисли дека ќе го заплаши народот.

Никој повеќе не се плаши. Народот нема да дозволи бугаризација по теркот на Ковачевски. Залудни им се сите казни. Народот вели НЕ“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања