„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Власта ќе го крие името на кандидатот за претседател

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vlada-19.02-pak

— реклама —

СДСМ до Конгресот в недела нема да го открива името на кандидатот за претседател зад кој заеднички ќе застанат со ДУИ и останатите коалициски партнери.

Од извори од штабот на социјалдемократите и од ДУИ велат дека утре вечер во Клубот на пратеници ќе се случи уште една средба меѓу лидерот Зоран Заев и Али Ахмети, но овој пат ќе им се придружат и првите луѓе на ДПА и новоформираната Алтернатива, Мендух Тачи и Африм Гаши. На оваа средба, според нашите извори, лидерите кончено ќе пресечат кое ќе биде името кое ќе го промовираат во претседателски кандидат.

— реклама —

Извори и СДСМ и од ДУИ, покрај информациите во повеќе медиуми дека одлуката е донесена и името е веќе познато, за Канал 5 тврдат дека во игра се уште се четворицата фаворити кои веќе подолго се споменуваат – Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Стево Пендаровски и Оливер Спасовски.

Од резултатите од анкетите, заклучоците на партиските органи и ставовите на лидерите ќе бидат земени предвид в петок вечер при носењето на одлуката кој ќе влезе во трката за шеф на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања