„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Власта на антимакедонската СДСМ бесрамно го крие протоколот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
03072022_PVRSM-Kovacevski_Mickovski_sredba_1

Власта на антимакедонската СДСМ го крие протоколот од очите на јавноста. Тие без срам велат дека прво овој протокол ќе се потпише, а после ќе се објави, со што сакаат јавноста во Македонија да ја доведат пред свршен чин. А протоколот е клучниот домумент од Предлогот. На него се повикува преговарачката рамка и овој документ всушност ги содржи сите бугарски барања. Според тоа кое што го објавија странските медиуми овој протокол предвидува конкретни обврски за Македонија во конкретни рокови. Според протоколот во точно определено време Македонија ќе треба да менува учебници, историски лекции за настани и личности, споменични обележја и се според диктат на Бугарија. Ова понижување кое сака власта на Ковачевски да му го направи на народот не дава европска перспектива, туку носи или бесконечни преговори или асимилација, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Предлогот кој што Ковачевски и Османи се подготвени да го прифатат е спротивен на европските вредности и на европските принципи. Македонија не бара ниту повеќе ниту помалку од условите кои ги имале сите земји кои станувале членки за ЕУ, а тоа се Копенхашките критериуми. Власта на Ковачевски треба да се вразуми и да застане зад предлозите за измени кои ги дава ВМРО-ДПМНЕ со кои се обезбедува достоинствен пат и влез на Македонија во Европската Унија.

Тоа што власта се инати и не ја почитува волјата на народот резултира со масовни секојдневни протести во Скопје и другите градови во Македонија. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и денес дава поддршка и ги повикува граѓаните да учествуваат на масовниот достоинствен и гласен сенароден протест кој ќе започне во 19 часот пред платото на Владата. Народот никој не успеал да го победи. Затоа побројни и помотивирани да кажеме Ултиматум, НЕ благодарам“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Hristijan-Mickoski-12.07.2022

Мицкоски: ДУИ влезе во пакт со Бугарија и го предаде македонскиот народ

Македонија | пред 3 години

MFA_8353

„Eуфоријата утре ќе заврши, затоа што ќе треба да се направи промена на Уставот“, вели Димитров

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-11.20.38

Верхеји: Претставниците на народот јасно кажаа дека ова сакаат да продолжи и пристапниот процес да се забрза

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-19-at-11.32.17

Мора да има измени на Уставот, дециден е Вархеји

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања