Промени тема
Контакт

Власта на Ковачевски бара народот да штеди, а тие направиле ршум со набавки на мебел- потрошиле 300 илјади евра за неколку месеци, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
14032022_PVRSM_Kovacevski_pres-konferencija_1

Народот гладува, ама затоа луксузот на власта на СДСМ и ДУИ не смее да трпи. Власта администрирана од Ковачевски, која започна со набавката на позлатениот прибор за јадење, без срам бара граѓаните да штедат, ама затоа тие за неколку месеци потрошиле 2 милиони евра за луксуз, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Лицемерите од власта се водат по народната не гледајте што правиме, слушајте што зборуваме. Па така додека декларативно говорат дека презеле мерки да се спречи ненаменското трошење на народните пари, тие веќе направиле ршум со јавни набавки. Па така МВР изминатиов период откако знаеле дека ќе има економска криза, наместо да прекинат со такви постапки за непродуктивни трошоци, набавиле мебел во вредност од 250.000 евра. Маричиќ својот нов ресор го почнал со набавка на мебел и услуги за перење автомобили во вредност од 700.000 денари. Да не остане покус од Маричиќ и Бујар Османи се подновил со мебел изминативе неколку месеци откако знаеле дека ќе има економска криза, во вредност од над 20.000 евра. Љупчо Николовски во министерството за земјоделие иако знаел дека ќе има криза наместо да им помага на земјоделците, тој си набавил услуги за перење на автомобили во висина од 470.000 денари.

— реклама —
— реклама —

Ете ја хипокризијата на власта на дело. Зборуваат дека треба да се штеди, а откако знаеле дека ќе има криза, набавувале мебел за стотици илјади евра, како тоа да е клучно за граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања