Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Власта на СДС и ДУИ стануваат нервозни, после медиумите на удар се нивните членови кои сметаат дека треба да има предвремени избори, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
sdsm-31

Колку повеќе се зголемува антивладиното расположение кај граѓаните, толку повеќе СДС и ДУИ стануваат нервозни. Почнаа со навреди кон политичките противници, па продолжија со етикетирања кон медиуми, за сега да почнат да се вртат и против своите членови кои им се спротивставуваат на нивните погубни политики, криминалот и корупцијата. На удар на оваа ненародна и недемократска влада се пратеници во Собранието од редовите на власта кои сметаат дека агонијата со оваа влада предводена од Ковачевски треба да престане и да се оди на избори, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —
— реклама —

„Овие пратеници во Собранието трпат директни закани од типот „ќе ви се случи лошо вам и на вашите блиски ако поддржите избори“ , но и индиректни преку посредници. Власта за заплашување и притисоци врз пратеници користи криминални групи кои ги користеше целиот овој период за матни бизниси и криминогени активности.

— реклама —
— реклама —

Власта на СДС и ДУИ не бира средства да се задржи уште некој месец на власт. Но колку повеќе насилно се однесуваат толку повеќе граѓаните се против оваа власт. Борбата за Македонија нема цена, а криминалците и насилниците од власта ќе зажалат за заканите, притисоците и насилството кое го прават“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања