Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Власта на СДСМ и ДУИ донесе хаос во образованието, нема учебници, нема сведителства, само импровизации и распад на системот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
skolo-4

Министерството за образование и наука наместо Концепција создава хаос. Концепција подразбира план и стратегија, а во случајов гледаме неспособност и неодговорност, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —
— реклама —

„Се е сведено на импровизации кои скапо се плаќаат. Наставниците и образовниот кадар се соочуваат со тотален колапс на системот, а на помалку од половина месец до почеток на учебната година нема учебници. Наместо учебниците се нудат материјали за учење, прирачници, упатства и слични експерименти кои не може да бидат целосна алтернатива на учебникот. Печатењето на учебници доцни и голема е веројатноста дека до октомври, па и декември учениците нема да имаат книги. Дополнително веќе два месеци доцни и доделувањето на сведителствата бидејќи не биле набавени доволно сведителства за учениците. Ова покажува целосна неспособност и неодговорност на властите. Тие очигледно се изненадени со почетокот но и крајот на учебната година исто како што би било изненадување снег во зимските месеци.

— реклама —
— реклама —

Поради оваа власт на СДСМ и ДУИ се случува тотален распад на системот и на институциите. Образованието тоне исто како што тонат сите области во Македонија. Криминалната власт ја уништува државата. Ова мора да престане. Најдобар начин за справување со оваа штетна власт на Ковачевски се предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања