Промени тема
Контакт

Власта наместо да врши притисоци врз синдикатите и работниците, да ги исполни ветувањата за повисоки плати, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG_4387

Вработените во образованието мора да го добијат заслуженото покачување на платите согласно Колективниот договор. ВМРО-ДПМНЕ го поддржува штрајкот за повисоки плати и бара од власта да направи нивелирање на коефициентите на сложеност на работните места според растот на минималната плата.

Синдикатот има целосно право да го изрази своето право на револт и да бара реализација за правата на работниците кои треба да им следуваат, вели опозицијата.

Власта наместо да врши притисоци врз синдикатите и работниците, треба да ги исполни ветувањата за повисоки плати. Да не измислуваат изговори дека не може да ги покачат платите, затоа деновиве што гледаме како државни функционери правеле матни зделки со пари кои можат да се наменат за покачување на плати, а не да завршуваат во џебовите на владините функционери.

Во државата се случува целосен хаос и колапс заради неспособноста, криминалот и лакомоста на власта.

— реклама —

Додека власта носи розеви наочари дека сите живеат убаво, во реалноста протестираат вработените во градинките, основните и средните училишта, државните службеници, матичните лекари, вработените во пошта, а наскоро ќе штрајкуваат сите, практично штрајкуваат сите работници во Македонија.

Во меѓувреме инфлацијата вртоглаво расте и таа се искачи на 8,8% во март, а споредено со минатата година цените на горивата се покачени за 70%, лебот е поскап за 110%, додека маслото за јадење над 30% и практични сите основни намирници поскапени од 30% до 50%

— реклама —

Заради погрешните политики на владата предводена од СДСМ имаме и покачување на електричната енергија од 30%, а парното за 15%.

Граѓаните едвај ги подмируваат основните трошоци и едвај преживуваат, додека власта нема слух да им го овозможи заслуженото покачување на платите.

— реклама —

Со СДСМ и ДУИ имаме држава која се распаѓа, видовме како го апсат секретарот на Влада затоа што земал мито, а постојат сомнежи за уште десетици вакви криминални случаи.

Со секој изминат ден со оваа влада Македонија и граѓаните се повеќе осиромашуваат и уназадуваат. Државата повеќе не смее да тоне и единствен излез се предвремени парламентарни избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања