Промени тема
Контакт

Власта опструира намалување на времетраењето на договорите на определено време, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
esm-bitiki-rabotnici

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска расправаше по измените на Законот за работни односи, поднесени од пратениците од Левица, со кои се предвидува намалување на максималната горна граница за склучување на договори за вработување на определено работно време од 5 години на 6 месеци, вели Левица

„Пратениците од власта најавија дека нема да го поддржат предлогот на Левица, под изговор дека се работи на нов Закон за работни односи.

— реклама —

Ова е дрска манипулација и изживување со работниците во услови на растечка економска криза, со оглед на фактот дека претходната министерка Шахпаска најавуваше вакво решение уште октомври минатата година!

За нужноста од итно усвојување на предложените измени, говори и поддршката од Сојузот на синдикати, кои јавно побараа сите пратеници да го поддржат предлогот на Левица. Токму ваквите договори на определено време, за време на кризата, беа најмногу користени за губење на работните места, без утврдување реални причини за отказ, поради што работникот е принуден постојано да стравува за својата егзистенција.

— реклама —

Единствени кои реагираа дека се загрозени од овој закон се субјектите кои се богатат врз неплатениот труд на работниците, како Стопанската Комора и Организацијата на работодавачи.

— реклама —

СДСМ и ДУИ, како класични слуги на олигархијата, дрско манипулираат со егзистенцијата на работниците, ставајќи се целосно во заштита на оние кои се богатат од неплатениот труд“, вели Левица

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања