Промени тема
Контакт

Власта турка ново велепредавство зад затворени врати, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dimitar-apasiev-levica

Преговорите со Бугарија веќе подолго време се водат зад грбот на јавноста. За работата на историската комисија, за тоа што се преговара, што е договорено и какви отстапки прави македонската страна, информации нема ниту за јавноста, ниту за пратениците. Ваквата констелација на нештата, само ги потврдува сомнежите дека Владата предводена од ДУИ и СДСМ подготвуваат ново велепредавство на македонскиот народ и држава. Овој пат зад затворени врати, вели Левица

„Ова го потврди и Министерот Бујар Османи, кој јавно изјави дека има изготвено документ кој Македонија е спремна да го прифати, но дека се чека одговор од бугарската страна. Ако се земе во предвид и за тоа дека веќе неколку членови од Историската комисија поднесоа оставки, веројатно Владата го спрема последниот чин од нејзиниот процес на демакедонизација.

— реклама —
— реклама —

Недостапноста на овој документ, прифатлив за Владата на ДУИ и СДСМ, покрај тоа што најавува ново велепредавство, укажува и на спремноста од нивна страна истиот да го протуркаат што е можно потивко и што е можно поскоро, за да се избегне негодувањето и притисокот од јавноста.

— реклама —

Патем, уште позагрижувачки е фактот што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави спремност да разговараат во насока на нова промена на македонскиот Устав. Очигледно е, политиката која ја води владејачката елита и барањата кои ги има народот целосно се спротивставени. Левица речиси цела година повикува на прекин на преговорите под покровителство на Вашингтон и Брисел кои ги води нелегитимната Влада. Ново национално велепредавство, не смее, не може и нема да помине“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања