Промени тема
Контакт

Власта за само 3 години секој граѓанин го задолжи со нови 1.250 евра, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
22032022_VRSM_32_sednica-1

Граѓаните во Република Македонија повторно ќе ги преживуваат истите слики и случувања од 90-тите години на минатиот век. Зголемена инфлација, високи цени на основни прехранбени продукти, а ниски примања. Се поголема е сиромаштијата во Македонија, веели ВМРО-ДПМНЕ

„Инфлацијата целосно го изеде стандардот на граѓаните, а власта со прст не мрдна за зголемување на куповната моќ кај населението. Единствено што знае оваа криминална власт предводена од СДСМ и ДУИ е целосен грабеж преку тендери и трошење за непродуктивни работи.

Додека се луксузираат со парите на граѓаните, не видовме ниту еден капитален проект завршен од оваа најнеспособна власт.

— реклама —

Бидејќи нема капитални инвестиции, БДП на државата за почетокот на оваа година е најниско во регионот, владата на Ковачевски реши повторно да ја задолжи државата.

За последните две години криминалците од „Илинденска“ ја задолжија Македонија за над 1.6 милијарди евра, а со новото задолжување оваа власт ќе ги задолжи граѓаните за 2.3 милијарди евра и со тоа јавниот долг на државата ќе изнесува над 7.9 милијарди евра.

— реклама —

Под превезот на кризите власта за само 3 години го задолжи секој граѓанин за нови 1.250 евра

— реклама —

Економијата во државата е целосно урнисана заради најнеспособната власт која ја имала Македонија од осамостојувањето до денес.

Потребни се брзи предвремени парламентарни избори за излез од оваа економска криза во која не втурнаа СДСМ и ДУИ“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања