Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Власта знаела за пропаѓањето на еврообвзницата и затоа се задолжила со државни обврзници по повисока камата и под лоши услови, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
vlada-sednica

Откажувањето на еврообврзницата од страна на владата на Ковачевски не само што го нарушува угледот на Македонија пред финансиските институции, туку ќе има и можни финансиски импликации. Власта молчи за тоа и се обидува овој скандал да го заташка, затоа што ако почне да одговара ќе се отворат уште повеќе други работи поврзани со задолжувањето, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Почитувани, власта, односно министерството за финансии предводено од Бесими и владата предводена од Ковачевски знаела дека еврообвзницата ќе пропадне најмалку уште од 14 февруари. Впрочем тие на 14 февруари, ден пред јавноста да дознае за срамот со еврообврзницата, одржале аукција на државни обврзници со рок на достасување од само две години и со каматна стапка од високи 5,25% Токму поради оваа значајно висока каматна стапка понудата била 8 милијарди денари, а побарувачката била поголема од 12 милијарди денари.

— реклама —

Ова покажува дека Македонија ја задолжиле многу скапо, односно ако во минатото каматната стапка од 5% се даваа за рок на доспевање од 15 години, сега за 2 годишни државни обврзници плаќаат каматни стапки од 5,25%.

— реклама —

Сега поради неспособноста на владата на Ковачевски имаме позајмување на скапи пари, нарушен углед пред меѓународните институции и дополнително поголем долг.

— реклама —

Оваа неодговорна власт граѓаните сега, но и во иднина граѓаните скапо ќе ја плаќаат. Оваа влада на Ковачевски мора час поскоро да си замине“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања