Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Влатко Ѓорчев оддаде почит на поранешниот претседател Џорџ Буш во Конгресот на САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_004

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев за време на посетата на САД присуствуваше на церемонијата на оддавање на почит на починатиот поранешен претседател на САД Џорџ Буш.

— реклама —

Пратеникот Ѓорчев беше дел од бројните делегации кои му изразија последна почит на поранешниот претседател Џорџ Буш во холот на Конгресот на САД. Ѓорчев изјави:

— реклама —

"Претсдателот Џорџ Буш беше добар пријател на Македонија. Нашата земја ја прогласи својата независност за време на неговиот мандат во 1991 година, а неговиот син Џорџ Буш помладиот ја призна Република Македонија под Уставното име во 2004 година. Изразувам сочуство до неговото семејство и до граѓаните на САД".

— реклама —

Пратеникот Ѓорчев се запиша во книгата на жалост. Ковчегот со телото на поранешниот претседател Џорџ Буш е изложено во централниот дел на Конгресот на САД, а денес ќе се одржи црковна служба по повод неговиот погреб.

За време на посетата на Вашингтон пратеникот Ѓорчев ќе присуствува на парламентарниот форум за безбедност кој ќе се одржи во Сенатот на САД.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања