„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Влатко Стефановски емотивно за загубата на сопругата: Тешко ми е да зборувам за тоа, доживеав тешки загуби за кратко време

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
vlatko-1024x683-1

Влатко Стефановски (64), македонскиот виртуоз на гитара, во интервју за хрватскиот Ин Магазин, првпат јавно кажа како се носи со загубата на неговата сопруга и смртта на брат му Горан Стефановски, еден од најреномираните македонски писатели. Во интервјуто Влатко кажа и дека бил многу млад кога ги загубил родителите.

— реклама —

„Тоа се дупки кои тешко се надоместуваат во животот. Во последните неколку години имав уште неколку големи загуби. Тешко ми е да зборувам за тоа. Да, ја изгубив сопругата пред четири години, братот пред три и тоа беа тешки загуби за кратко време“, вели Влатко во интервјуто и додава: „Не сакам јавно да зборувам за приватниот живот, затоа што ми е патетично на некој начин“.

Признава дека низ овие тешки времиња многу му помогнала музиката. Но, среќен го прави и тоа што неговиот син исто така почнал да свири, па сега одат заедно на турнеи.

— реклама —

„Музиката ми е терапија, медитација, хоби, професија, опсесија, таа ми е сè. Кога свирите гитара тогаш не размислувате многу. А кога ќе почнете да размислувате со мозокот, тогаш се појавува некој процес кој не можеме баш да го контролираме“, рече Влатко.

Влатко откри и како научил да свири и вели дека е самоук.

„Ако вложите во вашите вештини 10.000 часови, тогаш ќе бидете мајстор, за што било. Јас никогаш не сум одел во музичко школо, сè научив сам. Нотите никогаш не ги научив, не ги знам ни денес“, раскажа Стефановски за „Ин магазин“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања