Гробиштата во Бутел беа блокирани, сообраќајот стопиран, а сите кои за Задушица сакаа да отидат на гробовите на најблиските - не можеа лесно да стигнат. Ваква беше сликата утринава, откако Владата и Собранието, на некој час пред пладне, во најголемата гужва, положуваа цвеќе на гробот од поранешниот претседател Борис Трајковски.
„Отишле идиотиве од власта во Бутел на Задушница, цел сообраќај го блокирале, направиле хаос, народ не може да влезе. Им рекла полиција да одат пешки, а Бутел е долг и широк можеби 3 км квадратни, цел град со над 170.000 покојни, ако не и повеќе. Пошто ружноно Оливер положувало цвеќе. Идиоти, станете во 7 наутро, па одете и сликајте се по гробишта, без цел град да го оневозможите да оди кај најблиските“, напиша Јорданка Ивановска-Јоци.
Делегација на Република Северна Македонија во која како претставничка на Владата беше Славица Грковска, заменичка на претседателка задолжена за добро владеење, независниот пратеник Зекир Рамчиловиќ во име на Собранието на Северна Македонија и Катерина Цаневска, како претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, положи венци свежо цвеќе на спомен обележјето на авионската несреќа кај Ротимље, близу Мостар во Босна и Херцеговина, во која загина поранешниот претседател на државата Борис Трајковски и членовите на неговиот кабинет што го придружуваа на ова патување, како и екипажот на авионот.
На одбележувањето на 18 годишнината од трагичниот настан од смртта на претседателот Борис Трајковски, на спомен обележјето на несреќата венци, со пригодна државничка и воена церемонија, свежо цвеќе положи делегација на Република Босна и Херцеговина.