Промени тема
Контакт

Влошена состојбата на малиот Дамјан, туморот пораснал на 3 на 1 сантиметар – родителите повторно бараат помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-library4b4trh6gvi5e5XdUoka

Загрижувачки вести пристигнуваат од Турција за здравствената состојба на малиот Дамјан. Според објава на Фејсбук, неговата општа здравствена состојба значително се влошила, а туморот во главата пораснал и сега е со димензии од 3 на 1 сантиметар.

Родителите на Дамјан повторно упатуваат апел до граѓаните за помош и поддршка во тешката борба за неговото здравје.

— реклама —

Засега не е познато дали ќе биде неопходна нова операција, како и дали Дамјан ќе треба да помине низ дополнителни две серии хемотерапија. Неизвесноста околу продолжувањето на лекувањето дополнително ја отежнува ситуацијата за семејството.

Покрај здравствените предизвици, родителите се соочуваат и со зголемување на долговите поврзани со лекувањето.

— реклама —

Во објавата се упатува апел до сите хумани граѓани да му помогнат на Дамјан, преку донации или со споделување на линкот од кампањата, за пораката да стигне до што повеќе луѓе.

— реклама —

Секој вид поддршка може да придонесе семејството полесно да се справи со тешката ситуација во која се наоѓа.

💳 Со картичка: Донирајте онлајн преку eCrowd.mk, со клик на копчето „Поддржи ја кампањата“ погоре. Износот може да биде од 100 до 6000 денари дневно.
🏦 Со банкарска уплата: За поголеми износи од 6000 денари, донирајте директно на сметката на Фондацијата ИКРАУД:
Жиро сметка: 270078016610134
Цел на уплата: за Дамјан
Шифра: 562 / донации

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања