Промени тема
Контакт

Вложуваме во земјоделството и се грижиме за сите земјоделци и сточари, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zemjodelstvo

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата посветено работат и во консултација со земјоделците и сточарите преку потсекторските групи се носат мерки за поддршка на секој еден земјоделец. Времињата кога субвенциите и поддршката кон земјоделците и сточарите се даваше селективно, одамна е минато. Денес во услови на криза министерството, покрај основните субвенции, креира нови мерки за дополнителна поддршка до секој земјоделец, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека сточарите преку Интервентниот фонд за поддршка, во услови на криза добиваат дополнителни 400 денари по грло за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет и 1500 денари по грло гоеница со тежина над 90 килограми предадена во регистрирани кланични капацитети. Преку измени во програмата за финансиска поддршка од 1 000 на 1 200 денари ја зголемивме мерката за поддршка за обележани грла овци во сите категории. Дополнитени 3 000 денари обезбедивме и за женски приплодни грла маторици кои се одгледуваат во одгледувалиштата и исполнуваат услови за биосигурност.

Исплатени се и субвенциите за произведено и предедено млеко од последната фаза за 2020 година, во износ од 111.581.789 денари за 5.664 корисници. Дополнително со ребалансот на буџетот обезбедени се нови 2,7 милијарди денари, дополнителни средства со кои ги решаваме сите исплати на субвенции и долгови кои ги имаме наназад кон производителите на млеко и сточарите.

— реклама —

Оваа година за првпат се воведе и дополнителна субвенција за квалитет на млекото. Воведена е и интервентна субвенција од 5,5 денари за кравјо млеко произведено и предадено во преработувачки капацитети во период јануари – април 2022 година. Зголемена е и субвенцијата за говеда од 2800 на 3100 денари.

— реклама —

Преку измените на законот за земјоделство и рурален развој овозможивме услови од оваа година да се започне со авансна исплата на субвенциите, нешто што 16 години не се случило. Земјоделците со оваа измена ќе можат 30% од субвенциите да ги добијат во рок од 90 дена по аплицирањето.

Потпишани се 103 договори за набавка на високопедигриран добиток со вкупна сума од над 253 милиони денари. Преку оваа мерка обезбедуваме нови 3842 грла високопедигриран добиток од кои 2.727 јуници, 1056 овци и 50 кози.

— реклама —

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го слуша гласот на земјоделците. Сите мерки, особено сега во услови на криза, се носат во разговори и заеднички со претставници на земјоделците и земјоделските стопанства кои се дел од потсекторските групи на министерството, се вели во соопштението од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања