Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Вмешани во убиства, бизнис империи - наместо за реформи, Ахмети и Ковачевски нудат министри за крадење, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
AHMETI-GRUBI-KOVACEVSKI-4

Вмешани во убиства, бизнис инперии - наместо министри за реформи во државата, Ахмети и Ковачевски нудат министри за крадење и криминал, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Додека граѓаните секој ден не знаат како да го преживеат денот, додека луѓе умираат заради неспособноста на власта да набиви лекови, додека цените вртоглаво растат, Ковачевски, Ахмети и Таравари конечно ја скрпија владата која нема ништо подобро да донесе за граѓаните и државата.

— реклама —

Оваа влада е со една и единствена цел, уште некој месец да се доопљчкаат граѓаните и државата, да се намести уште некој тендер и да се ужива во благодететите на министерските и директорските фотељи.

Па така правдата во државата ќе ја донесат Кренар Лога, кој е брат на осомничениот за убиството на Дилавер Бојку, како и Викторија Мадиќ, за која има покренато постапки за сомнителни тендери во Град Скопје, додека беше на функција секретар на градот.

— реклама —

Во рекострукцијата на најнеспособната влада предводена од Ковачевски, има и заменик министер сособен за секој ресор. Па така откако беше сменет од заменик министер во МВР, Нухиу стана заменик министер во правда, за сега истиот бидејќи е „најспособен“ заменик министер ќе биде втор човек во министерството за образование.

— реклама —

Кадрите на ДУИ редејќи успеси во образовниот процес, оставајќи ги учениците без учебници, со каснење на учебната година, ученици немаат елементари услови за да посетуваат настава, сега се засилени уште со еден кадар токму од ДУИ.

Толку од зеленеата агенда на ДУИ. Пазар 3 коалицијата реши дека ДУИ „ги постигна“ успесите во зелената агенда, и сега ова министерство го враќа кај неспособните од СДС.

— реклама —

Оваа е крпена коалиција, и влада која единствено ќе го подобри системот за крадење на граѓаните и без целосен легитимитет од граѓаните.

За излез од оваа агонија, потребни се веднаш предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања