Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМР-ДПМНЕ: Недолжни граѓани ги полнат затворите, додека премиерот Заев е ослободен за поткуп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zaev-za-kandidat

Република Македонија со СДСМ на власт стана земја на сиромаштија, криминал,  политички прогон и неправди.  За да ги покрие своите криминали но и неспособноста да донесе подобар стандард за граѓаните, власта почна да креира црно сценарио на поделби и прогони, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Политичкиот прогон во земјава стана секојдневие. Тие кои први го кренаа гласот против продажбата на државните интереси и погубните политики на Зоран Заев станаа и први жртви на заевизмот.

Недолжни граѓани ги полнат затворите, додека премиерот е ослободен за поткуп иако цела јавност виде како бара мито од 200.000 евра. Патриоти кои цел живот го посветиле за безбедноста на државата добиваат максимални казни затвор, а борци на ИСИС кои масакрирале луѓе добиваат три пати пониски казни.

— реклама —

Додека власта со политички прогон си ги брани сопствените криминали, државата секојдневно тоне на секое можно поле.

Економијата ни е закована на дното, а БДП е со најнизок раст во Европа и регионот.  Наместо да расте економијата, растат сиромаштијата, даноците и корупцијата.

Нема 500 евра просечна плата, нема повисоки плати за лекарите и професорите, нема повисоки пензии, нема ни подобар стандард за младите, но затоа има вработувања за блиските и фризерките на функционерите од власта.

Власта ветуваше иднина за младите, но во реалноста го забрза иселувањето. Над 140.000 млади живеат под прагот на сиромаштијата и единствено што размислуваат е како побрзо да ја напуштат државата.

Ветуваа подобро здравство, а донесоа здравство во кое умираат луѓе и се местат матни тендери. Нема пари, за пензионерите, но има за луксузите на власта.

Власта која викаше дека ќе ни го зацврсти идентитетот, всушност го смени името на државата  и ги присили сите институции и столбови на државноста да го променат името и да го изгубат својот институционален идентитет.

СДСМ и Заев донесоа само неправди, криминал и нечесност на секој чекор, а тоа не носи иднина за граѓаните и државата. Токму затоа граѓаните ќе се спротивстават  на заевизмот и ќе се изборат за правда, владеење на правото и подобра иднина за себе и идните генерации и за Република Македонија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања