Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО-ДПМНЕ: Спротивно на националните интереси, власта на СДС, Филипче и Заев стана испостава на режимите на Путин и Лукашенко

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 13 часа -

Македонија
zaev-filipce-1

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДС со Заев и Филипче седум години водел „антидржавна“ политика, ставајќи ги личните и бизнис интереси пред националните и стратешките, и ја оддалечил државата од про-НАТО и про-ЕУ курс. Како примери ги наведуваат државјанството за рускиот олигарх Александар Онишченко и милионски тендери за почесниот конзул Борче Марковски (141), тврдејќи дека има сомнежи за корупција и врски со кругови блиски до Путин и Лукашенко.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДС на Зоран Заев и Венко Филипче седум години на власт водеше антидржавна политика. За личните и бизнис интереси на Филипче и Заев, власта на СДС ги распродаваше националните интереси и ја стави под ризик стратешката ориентација на државата, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Наместо про НАТО и про ЕУ ориентирана држава, СДС на Заев и Филипче Македонија ја претворија во хибриден режим и продолжеток на режимите на Владимир Путин и Александар Лукашенко.

Власта на СДС е позната по тоа што спротивно на националните интереси, издаваше македонски пасоши на белосветски наркобосови и криминалци, како што беше и државјанството на рускиот олигарх близок до Путин и осуден криминалец во Украина за перење пари и корупција, Александар Онишченко.

— реклама —

Но, давањето државјанства на светски криминалци не беше единствено што власта на СДС го правеше спротивно на државните интереси, туку и даваше милионски државни тендери на фирми на почесни конзули на држави блиски со руската политика, како што е Белорусија Борче Марковски.

СДС на Заев и Филипче на Марковски му доделиле милионски тендери, 141 на број за кои денес се наоѓа на обвинителна клупа. Од друга страна, пак, рускиот олигарх Онишченко избега од Украина поради перење пари и корупција, за да Македонија под тогашна власт на СДС, како многуте белосветски криминалци, и овој близок човек на Путин го прими со раширени раце.

Случајот со милионските тендери на Марковски и македонското државјанство на Онишченко, се слични по нивната природа, и во двата случаи постојат основани сомненија за коруптивни шеми.

Исто така, двајцата ликови се поврзани со луѓе блиски до Русија и тоа не води до заклучок, дека во времето на СДС, Заев и Филипче, спротивно на државните интереси, се негувале блиски односи со луѓе кои се поврзуваат со кругови блиски до Путин и Лукашенко.

Ваквата антидржавна и ненародна политика на СДС, Филипче и Заев која се води исклучиво од личните и бизнис интереси на поединци, треба да остане таму каде што е сега, во минатото.

Време е за достоинствено водење на државата, со заштита на националните и стратешки интереси“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања