Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ВМРО ДПМНЕ: 10% од заболените од Ковид 19 се доктори - Филипче да обезбеди фонд за набавка на заштитна опрема

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
120190420_222432

СДСМ ги остави лекарите и целокупниот медицински персонал голораки во ек на пандемија од заразен вирус. Заштитна опрема нема. Доказ за тоа е и фактот дека над 10% од заразените или над 80 лица се лекари. Доколку имале соодветна заштитна опрема, тие нема да биле заразени, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Недостасуваат скафандери, визири, заштитни маски, ракавици, средства за дезинфекција.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ предложи да се обезбеди заштитна опрема за болниците ширум државата, преку формирање на фонд од 10 милиони евра за производство во македонските текстилни фабрики, мерка со која ќе се обезбеди плата за вработените во текстиланата индустрија, но и ќе се обезбедат висококвалитетни заштитни материјали.

Очигледно СДСМ не може да излезе од матрицата на суетност и надменост и затоа и овој предлог го игнорира на штета на лекарите, медицинските лица, текстилната индустрија и нивните вработени, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања