Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО ДПМНЕ: 2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
5-Vonredna-sednica-na-Sovetot-na-Grad-Skopje-3

Петре Шилегов е две години на чело на градот Скопје и наместо градоначалник ја презема улогата на крадоначалник кој не реши ниту еден клучен проблем на скопјани.

Главен фактор зошто скопјани дишат и понатаму најзагаден воздух во Светот е неспособноста на Шилегов и Владата на Заев да преземат клучни мерки против загадувањето. Наспроти ова Владата средствата кои ги одвојува за намалување на загадувањето со ребаланс на буџетот ги скрати, а Шилегов за сето ова молчи и го одобрува, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

— реклама —

Јавните градски претпријатија бележат загуби, а наспроти тоа за две години крадоначалникот Шилегов вработи над 1000 партиски војници на терет на скопјани.

Не отпочна ниту заврши изградба на барем еден булевар. Ветувањата на Шилегов останаа само на хартија. Шилегов вети и не оствари продолжување на булеварот Илинденска, вети и не оствари спуштена раскрсница кај Мавровка, продолжување на булеварот св „Климент Охридски“, вети и неоствари проширување на булеварот „Никола Карев“, вети и не оствари продолжување на булеварското решение на Словенечка, вети и неоствари решавање на проблемот со кучињата скитници, вети и неоствари гасификација на Скопје, вети и неоствари ревитализација и заживување на Езерото Треска, вети и неоствари нова зграда на Универзалната сала, вети и неоствари ново средно училиште „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров, вети и неоствари ботаничка градина во Карпош...

— реклама —

Крадоначалникот Шилегов наместо работа се занимава со крпење на улици, зад кои стои сомнеж за дебела заработка и провозии за компании блиски на власта.

— реклама —

Крадоначалникот Шилегов е срам за Скопје и скопјани. 2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања