Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО ДПМНЕ: 3.9 милијарди евра буџет, а ниту денар зголемување за капитални инвестиции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
12112019_PVRSM_Zaev_Nina_Angelovska_pres_1

3.9 милијарди евра буџет, а ниту денар зголемување за капитални инвестиции. Зоран Заев и Нина Ангеловска наместо на развој, ќе трошат милијарди на популизам. Власта одвојува за капитални инвестиции исто како лани, а буџетот е значително поголем. Власта првин им скрати на пензионерите 600 денари 3 години по ред, за сега да им дава само 700 денари  и тоа од до година. Тоа се 1800 денари помалку за пензионерите кои им ги зема Зоран Заев доколку останеше старата пресметка и наместо за нив отидоа на тендери и  милионски бизниси на луѓето блиски до врвот на власта, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Три години не одвоија пари за енергетиката, не одвојуваат ниту сега. Нема пари за Чебрен и Галиште, нема пари за РЕК Битола и Осломеј, нема пари за ништо.  Зоран Заев ги излажа и земјоделците. Со новиот буџет нема пари за земјоделците. Се останува исто. Зоран Заев со овој буџет спрема потенцијален поткуп на гласачи пред избори. Лагите и популизмот од претходните избори нема да му поминат повеќе. На 12 април почнува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —
— реклама —

фото: Архива

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања