„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДСМ не си замине од власт, годинава не очекува уште поголема сиромаштија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
siromastija

Единствено со заминување на СДСМ од власт граѓаните може да се надеваат на прогрес и просперитет. Во спротивно годинава не очекува уште поголема сиромаштија и крах на сите полиња, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Власта им ја честиташе новата година на граѓаните со поголеми даноци. Оваа година двојно повеќе на име персонален данок на доход ќе плаќаат земјоделиците, младите и просперитетни кадри кои се занимаваат со програмирање, 50% повисок данок ќе плаќаат граѓаните кои изнајмуваат стан или дуќан, лицата кои остваруваат доход од капитал и граѓаните кои играат игри на среќа.

Катастрофална година ги очекува и пазарџиите, кои ќе мора да плаќаат поскапи тезги, а власта удри и по сиромашните пензионери и вработените кои имаат помали плати па за да остварат нормална живеачка продаваат на пазар, право кое сега им се крати.

— реклама —

И додека не бираат начин како да го земат последниот денар од џебот на граѓаните, продолжуваат рапидно да не задолжуваат.

Граѓаните видоа дека СДСМ не знае да ја води државата, партијата е целосно неспособна и само ги влече граѓаните во пропаст.

Епидемијата со морбили е уште еден доказ за тоа. Првин со нивната лицемерна политика за печалење на политички поени го предизвикаа антивакцина-бранот, за сега да зборуваат сосема спротивно од она кога политички профитираа врз грбот на граѓаните.

Катастрофите мора да завршат. Црнилата не смеат да бидат наше секојдневие. За Македонија мора да изгрее зората“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања