Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ВМРО-ДПМНЕ: Ако во Македонија владееше правото до сега Јанева, Кики и Фрики ќе одговараа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

СДСМ и Заев се синоним за криминал и корупција. СДСМ залудно се обидува да одбрани нешто што не може да се одбрани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев мора да одговори кои се високите претставници Кики и Фрики за кои што пишуваат медиумите.

— реклама —

Зошто се плаши да ги открие кога цела јавност е сведок на рекетарската приказна која што се случи, а Зоран Заев се обидува да ги заштити криминалците.

— реклама —

Заев се става во заштита на криминалот и рекетот само поради тоа што се плаши дека граѓаните ќе дознаат за неговата директна вмешаност и за неговиот процент од рекетот.

— реклама —

Доколку Република Македонија беше држава во која владее правото до сега ниту Драги Рашковски ќе беше Генерален секретар на Владата бидејќи граѓаните слушнаа како мести тендер од 7 милиони евра, Курто Дудуш немаше да биде градоначалник бидејќи тепаше граѓани во неговиот кабинет, ниту пак Катица Јанева, Кики и Фрики ќе беше амнестирани од одговорност, туку ќе беа изнесени пред органите на правдата и ќе одговараа.

Во Македонија ќе се врати правната држава само кога СДСМ и Зоран Заев ќе си заминеа.

Колку побрзо тоа се случи толку подобри и за граѓаните и за државата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања