Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ВМРО-ДПМНЕ: Апсењето на Боки 13 е само дел од рекетарската приказна на власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

boki-13

Кои се „Кики” и „Фрики” од рекетарските приказни објавени во медиумите и дали не се приведени само заради тоа што се високи функционери во СДСМ и знаат многу информации за криминалите на Заев и неговите соработници, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кој е јавниот обвинител и зошто неговиот идентитет се крие? Зошто само е побарано да го предаде телефонот кога за многу помали случаи, со фингирани белешки оваа власт упаѓала во домови и притворала?

— реклама —

Апсењето на Боки 13 е само дел од рекетарската приказна на власта.

— реклама —

Тие што имаа среќа да не го почувствуваат на своја кожа рекетот на власта, читаа како функционери на СДСМ блиски до Заев заедно со медиумски сопственик се заканувале на фирми и бизнисмени дека доколку не ја платат побараната сум, утре може да ги снајде некое злодело.

— реклама —

Ова е институционален криминал кој што невозможно е да бил спроведуван без знаење на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Впрочем и самиот Заев призна дека не само што знае за рекетарската сага, туку дека знае и кои лица се кријат позади псевдонимите.

Заев и неговите најблиски соработници не смее да бидат амнестирани. Истрагата мора да продолжи и целата разврска да резултира со одговорност за сите ликови од  оваа рекетарска и криминална банда вклучително и функционерите од владата и СДСМ.

Зоран Заев ги деградираше и девалвираше институциите. СЈО го претвори во продолжена рака за заштита на сопствениот криминал и политички прогон врз неистомислениците. Мора да има одговорност за криминалите во СЈО.

Владеењето на оваа власт го бележат единствено криминал, корупција и расипништво. СДСМ и Зоран Заев мора што поскоро да си заминат за да се врати владеењето на правото и законите во Република Македонија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања