Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО ДПМНЕ: Баба Перса на Заев му ја кажа вистината во очи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Зоран Заев ништо не работи. Неговите лаги веќе не минуваат. Неговото „ќе” и празните ветувања со кои ги потценува обичните луѓе, предизвикуваат револт. Граѓаните во лице му кажуваат дека не го бива. Не му завршија работа провладините телевизии и пропагандата платени со рекетирањето на СЈО. Баба Перса му ја кажа вистината во очи, иако се обиде да ја спречи и наклевети во негов стил, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Граѓаните повеќе не се плашат. Оваа власт потроши три години од нивните животи и не направи ништо за нив и за државата. Додека Заев и неговите ја раскрчмуваат државата и делат милионски тендери, граѓаните газат по кал и немаат водовод и канализација.  СДСМ ја задолжи државата за над пола милијарда евра, а граѓаните од скопско уште газат во кал.

— реклама —

Граѓаните се доказ дека не блескаме. Реалноста која му беше предочена на Зоран Заев е секојдневие за народот, кој не гледа преку розевите наочари на Заеви.  На бедата мора да и се стави крај. По 12 април следува работа и обнова на Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања