Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ бадијала шири шпекулации за убиството на младиот ракометар, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
denis-tot-222

ВМРО-ДПМНЕ бадијала шири шпекулации за убиството на младиот ракометар, вели СДСМ

— реклама —

„Случајот е расветлен во рок од 24 часа, сторителите препознаени и приведени. Ако сака ВМРО-ДПМНЕ да го политизира, ете нека ги видат фотографиите објавени во јавноста каде убиецот фотографиран во друштво на Христијан Мицкоски.

— реклама —

Димче Арсовски да побара оставка од неговиот шеф Мицкоски, откако почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се најде на црната листа на Стејт Департментот, а токму Мицкоски со години беше негов најблизок соработник.

ВМРО-ДПМНЕ остана истата режимска партија која со уцени и заплашувања ја направи државата заробена, полигон за корупција и криминал, за злоупотреба на власта до невидени размери.

— реклама —

Случаите Титаник, Талир, Тврдина, Тенк, Плацеви на Водно поткрепени со признанија на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Мијалков на црната листа на САД, само го потврдуваат тоа.

— реклама —

Денес никој не е над законите, законите важат подеднакво за сите, се постапува и санкционира секое кривично дело без разлика кој го сторил истото“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања