Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот сектор во Македонија е безбеден, а политички банкротираната СДС и Филипче мораме да ги разочараме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Некатегоризирани
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Антимакедонецот Филипче потврди дека е вистински талог. После Наумов кога пишуваше писма против Македонија, уништувањето на Еуростандард банка и ширењето хистерија со лаги имаме лоша вест за антимакедонската СДС. Банкарскиот систем е стабилен и има механизми за целосна контрола на секоја ситуација која може да биде последица од случувањата со Алта банка во Србија, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ.

— реклама —

„Банкарскиот систем во Македонија е комплетно безбеден, работи според македонските закони и е под непосредна супервизија на Народната банка.

— реклама —

Филипче треба да знае дека државата има законски систем за осигурување на депозитите и ниеден граѓанин не може да биде оштетен.

— реклама —

Филипче нема интерес за фактите и ова е уште еден доказ за бескрупулозно нанесување штета на државните интереси. Преку Башановиќ да ја навредуваат Македонија, да предвидуваат и посакуваат апокалиптични сценарија, затоа што не сакаат инвестиции и развој на државата, сето тоа е по насока на српскиот или, пак, на бугарскиот свет, на кои им слугуваат.

— реклама —

Повторно лоша вест за антимакедонската СДС, оваа држава има систем кој функционира. Фактите ќе ги демантираат повторно. Филипче лажеше за мигрантите, за унгарскиот кредит ја видовме истата политичка кампања, но најсилен демант добија од Државниот завод за ревизија. Очигледно, СДС продолжува да се надева дека политичката доверба ќе ја врати преку недоверба во сопствената држава. Партиската желба за криза нема да ја претворат во факт“, се вели во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања