Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ бара изборот за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10Д веднаш да биде поништен, обвинителството да отвори постапка за изборот на компанијата Ептиса

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
29102022_Izgradba_zeleznica_Koridor-8_12

Од скандал во скандал влегуваат Артан Груби и Димитар Ковачевски со надзорот за изградба на автопатиштата од коридорите 8 и 10Д, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Најпрвен владата на Груби и Ковачевски ја тргнаа компанијата Ептиса од црната листа. Листа на компании кои добиваат негативна референца на кои тие ја ставиле, за потоа нивната одлука да ја повлечат и да и дозволат на оваа спорна компанија да учествува во тендерот за надзор и покрај негативнта референца.

— реклама —

Следниот скандал кој оваа криминална влада го направи е со промената на спицификациите во тек на самата тендерската постапка се со цел да може сомнителната компанија Ептиса да го добие тендерот.

Артан Груби дрско лажеше пред целата македонска јавност, дека компанијата Ептиса ја сменила сопственичката структура и сега оваа компанија е со чисто портфолио и за тоа била учесник во тендерот кој на крај и го добила со уште други 3 компании, формирајќи конзорциум.

— реклама —

Ептиса од 2016 година е со целосен кинески капитал и менаџмент кои е непроменет изминативе години.

Ептиса е во целосна сопственост на кинеската ЈСТИ Груп, а од 2022 година целиот менаџерски тим е составен од кинези. Шаонин Жу е потпретседател на бродот на директори на Ептиса, Чао Ванг финансиски шеф на Ептиса и Јиран Меи менаџер на Ептиса се раководниот кадар на спорната компанија.

— реклама —

Ова можеби е еден од ретките, ако не и единствен случај каде што кинеска компанија ќе врши надзор и ќе го контролира работењето на американски гигант, а со тоа и да имаат целосен увид во технологиите на американската компанија.

Но кога во прашање е криминалот на ДУИ и СДС нема никакви граници и препреки.

— реклама —

Артан Груби и Димитар Ковачевски треба веднаш да ја поништат постапката за избор на надзорот и да се повтори постапката за да не биде оштетена државата и граѓаните.

Јавното обвинителство не смее немо да го следи овој епски криминал на владата на СДС и ДУИ со изборот на надзорот на изградбата на коридорите 8 и 10Д и веднаш да отвори постапка“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања