Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ бара намалување на акцизите за 50%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
236816881_327299032472860_31726440552678132_n

За време на владата на заевизмот драстично се зголемија цените на горивата, а причината за тоа се акцизите и таксите кои ги воведоа. Пред година и половина литар дизел гориво чинеше 46 денари, а денес литар дизел надминува 75 денари со тенденција уште да расте. Дополнително, цената на литар бензин изнесуваше 50 денари, а сега цената надмина 84 денари. Овој раст на цените е од 65 до 70%, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Практично со ваквиот раст на цените на горивата се удира директно по буџетот на граѓаните, но и на економијата. Цените на горивата кои се клучни за стандардот, растат, а на власта администрирана од Ковачевски око не и трепнува.

— реклама —

Затоа ВМРО-ДПМНЕ дава конкретен предлог за заштита на стандардот на граѓаните и директна помош на економијата. Со предлог закон ќе побараме намалување на акцизите за горивата за моторни возила за 50%. Оваа мерка ќе влијае директно на намалување на цената на горивата, бензинот веднаш ќе се намали за 13 денари, а дизелот за 9,5 денари. Ова не значи само заштеда на семејствата, ова е заштеда и во транспортот во стопанството и тоа може да ги поевтини цените на конечните производи.

— реклама —

Ова е значајна помош за граѓаните и стопанството. Секој денар кој ќе го заштедат фирмите и граѓаните во вакви тешки времиња и тоа како значат за да можат да го преживеат месецот.

— реклама —

Очекуваме владата на СДСМ и ДУИ да го прифатат овој предлог во пресрет на кризата која доаѓа. Овие тешки времиња бараат одлучни чекори, а не беспредметни „вонредни“ видео обраќања“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања