Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за потрошените милиони за градобијни ракети кои не спречија невреме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
275180188_702022164305716_6556894355017446137_n

Невремето кое завчера го зафати Скопје покажа дека Македонија нема Влада. Општините и народот беа оставени сами да се справуваат со последиците од големото невреме. Локалните власти дури и самите мораа да ги чистат приодите и до државните објекти кои ги контролира владата, како што се министерствата, владата и касарната во Аеродром, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Никој од функционерите на централната власт не се појави на терен, не ги ангажираше институционалните капацитети, ниту пак помогна со справување со последиците. Едноставно како да не постои централна власт во Македонија.

— реклама —

Патем владата и надлежните институции потфрлија, иако се даваат милион евра годишно за градобијни ракети и интервенирање со авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани. Зошто надлежните институции затаиле и не интервенирале на време со предупредување и преземање на конкретни мерки? На тој начин ќе спречеле вакви енормни штети и последици. За ова мора да има одговорност“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања