Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од градоначалникот на Крива Паланка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
sasko-mitovski

Власта се обидуваше да го сокрие скандалот со градоначалникот на Крива Паланка кој нападнал полицаец. Но ваков скандал не може да се сокрие. Насилството се случило на на 14-ти јануари, а МВР дури вчера после 4 дена извести дека спровеле информативен разговор со градоначалникот Митовски, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Овој случај е далеку од расветлен и нека не помислува МВР на Спасовски ова да го заташка. Ова не може да помине со ослободување или условна казна, бидејќи Митовски беше избран да работи за градот, а не да ги тепа граѓаните.

— реклама —
— реклама —

Да потсетиме дека на 14-ти јануари градоначалникот Митовски во алкохолизирана состојба нападнал полицаец без никаков повод и пред неколку лица му удрил шлаканици. После овој инцидент, според тврдењето на жртвата биле упатувани закани до полицаецот и до неговото семејство да ја повлече пријавата.

— реклама —

Митовски треба да си поднесе оставка, тој веќе не е достоен за функцијата која ја врши. СДС и институциите под нивна контрола колку и да се обидуваат да го заштитат, нема да можат, затоа што народот се охрабри и веќе не им се плаши. Одговорност ќе има“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања