Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите

Во живо „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Спасовски: Седум години криминалното подземје се пресметува по скопските улици, трговските центри и кафичи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


„Македонија и Скопје се небезбедни со Оливер Спасовски и СДС. Нема месец да не се случи некоја пресметка или убиство во центарот на Скопје. Седум години криминалното подземје се пресметува по скопските улици, трговските центри и кафичи, а Спасовски не само што не презема ништо за да фати криминалците, туку и не убедува дека граѓаните се безбедни“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —


„Македонија е единствената држава каде што криминалците се штитат од власта, наместо истите да бидат санкционирани. Оливер Спасовски и МВР не можат да обезбедат мир.

— реклама —


— реклама —

Уште колку криминални пресметки и убиства треба да се случат за Спасовски да понесе одговорност и да си ја потпише оставката?


Ако Спасовски не сака, тогаш Ковачевски веднаш да го разреши од функцијата министер за внатрешни работи. Сред бел ден криминалците се пресметуваат, а Спасовски си тера пи-ар и се спрема за претседателски избори. Спасовски не може да го води едно министерство, а не пак цела држава.

— реклама —

И наместо Спасовски и МВР да бараат помош од граѓаните да го пријават лицето кое пукало во Ист Гејт, нека ги праша неговите сопартијци и коалициски партнери од ДУИ, кое е лицето, бидејќи изминатите 4 години токму тие имаат најмногу фотографии со криминалците од подземјето.


Важно е да дојде до промена на власт, за да има ресет на цел безбедносен систем. Важно е да се обезбеди сигурност, мир и безбедност за граѓаните“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања