Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ВМРО ДПМНЕ бара Шилегов Градската куќа која ја продава да ја отвори за јавноста и да имаат можност граѓаните и медиумите да се уверат во просторниот капацитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
27-28-sednica-na-sovet-2019-2

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје бара Шилегов Градската куќа која ја продава да ја отвори за јавноста и да имаат можност граѓаните на Скопје и медиумите да се уверат во просторниот капацитет на зградата. Ваквата криминална продажба мора да се стопира, се вели во соопштението Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Се друго е само немо покритие на криминалот на власта.

— реклама —

Шилегов 6 дена молчи да одговори на прашањата поврзани со криминалната продажба на градската куќа.

— реклама —

Следува прва електронска продажба на објект во историјата на државата за кој однапред се знае купувачот за зградата.

— реклама —

Шилегов нема ниту една оправдана причина за продажба на градската куќа освен за свој личен бенефит и интерес.

Шилегов свесно влегува во зделка каде ќе бидат оштетени граѓаните на Скопје. Тој оваа зграда ќе ја продава по поевтина цена од она што е инвестирано одејќи во свесна загуба само со цел да ги оправда процентите и провизиите.

Бонбона бизнисот на Шилегов нема одговор на тоа зошто ќе биде почастен новиот купувач со бесплатно државно земјиште и бесплатни комуналии. И која е причината за продажба на нова градска куќа за неколку децении стара зграда на поранешното ЕСМ.

2 години Крадоначалник Шилегов, 2 годино лаги, криминал, неработа, се вели во соопштението Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања