Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Башановиќ и Шчекиќ преку СДС го шират „српскиот свет“ во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
vmro-dpmne-sediste1

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДС и Венко Филипче се длабоко заглавени во српскиот свет и слугувањето на туѓите агенди. СДС и Филипче се ставени во служба на туѓите интереси до степен, претставници на српскиот свет преку нив да ја навредуваат Македонија и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се случува извесен период преку ПР службата на СДС, каде за нејзин шеф Филипче и Зоран Заев го избраа Зоран Башановиќ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Преку главните писари на текстовите за соопштенија и прес-конференции на СДС, Башановиќ и Милјан Шчекиќ во македонското општество продира таканаречениот српски свет, за кој Филипче и неговите другари зборуваат.

— реклама —

Дека е така може да се види од бројните соопштенија полни со навреди кон нас и кон државата, со црни сценарија за нејзиниот развој и напредок, полни со србизми и печатни грешки, затоа што Башановиќ и Шчекиќ, кои ги пишуваат, не го владеат добро македонскиот јазик.

— реклама —

Со други зборови тоа што го слушаме од Филипче и СДС кога ја навредуваат Македонија, кога предвидуваат и посакуваат апокалиптични сценарија, кога не сакаат инвестиции и развој на државата, сето тоа е по насока на српскиот или, пак, на бугарскиот свет, на кои им слугуваат.

Тие нарачуваат, СДС и Филипче испорачуваат, и тоа на штета на македонските национални и државни интереси.

— реклама —

СДС, Филипче и Заев никој во државата ни ги сака, граѓаните не ги гласаат на избори, по многуте криминали и предавства, веќе никој не им верува, па како давеник за сламка, се продаваат и одработуваат за туѓи политички агенди.

Едниот аболициран криминалец со тапија, другиот со предмети кои нивните платеници во правосудството ги чуваат во фиока.

Затоа, наместо да се ангажираат и да работат во интерес на државата, одработувајќи за странски служби, работат на штета на интересите на граѓаните и ја потчинуваат државата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library01ole68m678n6k4HsnL

ВМРО-ДПМНЕ: Митовски ветуваше проекти, Крива Паланка доби нови долгови и нереализирани ветувања

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-librarykrmsu71nhq1e1uyp2zW

„Филипче го испрати талогот Жерновски да клевети во јавност, двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 20 часа

media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

„СДС со години ги запоставуваше студентските домови, а денес глуми загриженост, ВМРО-ДПМНЕ инвестира и го подобрува студентскиот стандард“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 21 час

media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

„Филипче и Заев соработуваа со луѓе на Вучиќ и во владата за советници вдомуваа негови блиски луѓе од СНС“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања