Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Башибозлукот на командирот кој пукаше со калашников на веселба, покажува што направил Спасовски од полицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


„Оливер Спасовски треба да си поднесе оставка, затоа што криминалот владее со државата. Затоа што тој како министер 8 години дозволи башибозлук во Македонија. Затоа што убијци слободно се шетаат. Затоа што командирите и началниците кои тој ги поставува наместо да го гонат криминалот ги кршат законите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —


„Впрочем последен таков случај беше во Ропотово каде што среде веселба, среде толпа, командир на полициска станица пукал од автоматско оружје и со тоа ги довел во прашање животите на присутните.

— реклама —


— реклама —

Да биде уште пострашно на лиуце место биле присутни високи полициски службеници и никој не реагирал. Дури и автоматската пушка од која било пукано не е пронајдена, што значи дека се работи за нелегално оружје.


Ова ли се европските стандарди? Ова ли е безбедност на една НАТО земја? Како може нелегално, автоматско оружје да поседува и користи еден полициски службеник, кој треба да го спроведува законот?

— реклама —

Ова е одговорност на Спасовски кој 8 години замајува со некаков ветинг, а всушност дозволи целосен башибозлук во министерството за внатрешни работи. Оставката на Спасовски е првиот чекор кон унапредување на безбедноста и мирот на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања