Промени тема
Контакт

ВМРО ДПМНЕ: Беслимовски се крие од народните избраници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Слугата на мафијата, Марко Беслимоски не ги прими пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Регулаторната комисија за енергетика. Ваквиот потег на Беслимоски е невиден преседан, да народни избраници кои се избрани преку волјата на народот не бидат примени во државна институција и да поднесат барање, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Иако ВМРО-ДПМНЕ има уредни барања до регулаторна комисија, сепак наиде на затворени врати и не се дозволи истите да бидат примени во институцијата.

— реклама —

Првото  барање е враќање на старата цена на струјата, што значи поевтина струја за народот и второто е професионализација на комисијата односно оставка на претседателот на Комисијата Марко Беслимоски и членовите кои функционираат како продолжена рака на владата.

ВМРО-ДПМНЕ бара поевтина струја затоа што во Македонија владее голема сиромаштија, а над 100.000 граѓани живеат со 50 денари дневно.

Беслимовски наместо да му служи на народот, тој му слугува на Заев, а го кодоши сопствениот народ. Заев и Беслимовски во штабот на СДСМ ја креираат цената на струјата со која го осиромашуваат народот и го газат неговото достоинство. Партиска инсталација како Беслимовски не може да раководи тело кое треба да биде независно и затоа мора да биде сменет.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од своите намери, ова не е битка само на ВМРО-ДПМНЕ, ова е битка на сите граѓани на Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања