Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

ВМРО ДПМНЕ: Бесплатното земјиште и комуналии е врвот на неодговорното и разуздано владеење на Шилегов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
irina

Зад продажбата на новата градска куќа од страна на Петре Шилегов се крие основан сомнеж за криминал.  Шилегов новиот купувач на градската куќа ќе го "почасти", гратис земјиште и нула износ на комуналии, истакна Ирена Попова, Советник во Советот на Град Скопје.

Еве ги и фактите:

— реклама —

- фрапантно е што Шилегов новиот купувач на градската куќа ќе го части со гратис бесплатно земјиште и нула денари комуналии за градот Скопје. Имено градската куќа беше планирана како објект каде ќе биде сместена градската администрација, и за таа цел Градот искористи државно земјиште, а градбата беше ослободена од комуналии. Сега Шилегов ќе го почасти новиот купувач и газда со гратис бесплатно земјиште и комуналии.

— реклама —

- Продажбата ќе оди преку негативна електронска аукција што значи дека цената на продажбата може и да паѓа. Значи сумата која е инвестирана ќе биде повисока, од цената по која ќе се продаде, а Скопје ќе бележи загуба.

— реклама —

Објаснувањата на Шилегов дека сега се сетил дека градбата е нефункционална се излитен параван зад кои се крие сомнеж за криминални интереси. Ако било тоа така зошто овој градоначалник вложи и инвестираше 3 милиони евра за довршување на објектот. Значи Шилегов според неговите зборови дозволил инвестиција во објект кој за него е нефункционален и тоа изнесува 3 милиони евра.

Бесплатното земјиште и комуналии  е врвот на неодговорното и разуздано владеење на Шилегов. Ова е нова бомбона бизнис во кој нашите сомнежи се дека некој значително ќе се офајди.

Пред очи на целата јавност се случува разграбување и оштетување на имотот на Скопјани.

2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминали и неработа, истакна Ирена Попова, Советник во Советот на Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања