Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО-ДПМНЕ: Бизнисот на Филипче му е поважен од животите на пациентите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Венко Филипче е најсериозна болест за македонското здравство. Вчера почина девојче на возраст од две ипол години од наводна бактериска инфекција. Во изминатиот период починаа неколку лица од грип, а се уште нема прогласено епидемија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Епидемијата од морбили коси низ целата земја, а одговорност за катастрофалното справување со ситуацијата нема.

— реклама —

Раководењето на Филипче со министерството за здравство создаде невиден хаос.

Во Македонија имаме министер за здравство чиј бизнис и теснопартиски интереси се ставени пред здравјето на граѓаните. Крвавите тендери за Филипче се поважни од животите на пациентите.

— реклама —

Пред неколку дена заради хаосот во македонското здравство во извештајот „Најздрава нација во светот“ од можни 56 места се најдовме на 56-то место.

— реклама —

Според Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), што претставува обид за мерење и рангирање на имплементацијата на здравствената заштита од гледна точка на потрошувачот или примателот на услугата бележиме пад од 9 места. Македонија во 2014 година беше прогласена за „Ракета на годината“, кога го зазеде 16-тото место со 700 бодови, што беше скок од 11 места. И во последниот извештај се посочува дека на ниту една земја не и успеало само за една година да се искачи за 11 позиции.

Раководењето на Филипче со министерството од ден на ден го осакатува здравството.

— реклама —

За жал овој криминален картел на власт го има бизнисот пред здравјето на граѓаните.

Пропаѓањето на здравствениот систем ќе запре само кога Филипче и картелот ќе си заминат од власт. Време е за оставки. Време е за казна на претстојните избори“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања